Ава Карабатиќ ја претстави изборната програма: „Полиграф за политичарите“

Од:

Контроверзната мултимедијална личност, Хрватката Ава Карабатиќ неодамна најави кандидатура на претстојните претседателски избори.

Колку е сериозна во намерата сведочи нејзината изборна програма која ја објави на социјалната мрежа Фејсбук.

„Ви ја претставувам мојата изборна програма. Овде ќе ги наведам само главните ставки, додека целата програма со детален план за имплементација за секоја ставка е во описот на мојот профил“, напиша Ава.

Еве 13 точки кои таа ги кажа на Фејсбук:

-Задолжителен полиграф за политичарите
-Хемиска кастрација на силувачи на малолетни деца и педофили
-Зголемување на платите и пензиите
-Борбата против корупцијата
-Одбивање на платите на пратениците за 30 отсто
-Поддршка за ветераните и промоција на патриотизмот
-Дополнителни истраги за откривање на воени профитери
-Поддршка за здравствените работници
-Финансиска поддршка за студенти и млади луѓе
-Промовирање на патриотизам
-Државна програма за реално шоу за обесчестени политичари
-Бенефициран работно искуство за келнери и вработени во слот клубови и обложувалници
-Промоција на уметност и култура

Ви благодариме за довербата и поддршката“, напиша Ава на крајот од оваа објава.

Ава годинава учествуваше на парламентарните избори – беше на листата на Иван Пернар во 10-та изборна единица. Таа на изборите доби неколку стотици гласови и не влезе во парламентот.

„Очекував мандат, но се уште не е се завршено. Да сме живи и здрави“, изјави тогаш Ава за локалните медиуми. Таа тогаш доби повеќе гласови од министерката за култура Нина Обљен Коржинек. Ава доби 508 гласа, а министерката 505. Портпаролот на Владата Марко Милиќ доби помалку – 391 глас.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик