Атина не исполнува услови за да добие рата од финансиската помош

Од:

Шансите министрите за финансии на еврозоната да одобрат исплатата на следната под-транша од финансиската помош за Грција на состанокот во понеделник се мали.

Ова стана јасно по вчерашното одложување на состанокот на Евро работната група до момент кога ќе има „поголема јасност“ во врска со тоа како стои Грција со нејзините напори за завршување на реформите кои ги бараат нејзините кредитори.

Вчера беше откажана телеконференција на техничките експерти, кои ја подготвуваат агендата  за состаноците Еврогрупата, откако било утврдено дека се уште не се завршени меѓу 10 и 15 од 49 таканаречени „претходни постапки“ кои треба да бидат исполнети пред да се додели следната рата од две милијарди евра.

– Средбата на Еврогрупата во понеделник е можност да се преземат акции со цел да има напредок. Откако ќе заврши проценката, земјите-членки ќе донесат одлука за доделување средства, изјави портпаролката на ЕУ за економски прашања Аника Брајтхард.

Добро упатени извори за грчките медиуми изјавиле дека состанокот на министрите за финансии на еврозоната најверојатно ќе заврши со заедничка изјава во која ќе се поздрави напредокот во Грција, но оти нема да има исплата се додека Владата не донесе повеќе закони. Останува да се види дали Атина и нејзините кредитори во понеделник ќе се согласат за тоа кои прашања прво треба да бидат решени.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето