Атина не ги демантира шпекулациите на грчките медиуми за последниот предлог на Нимиц

Од:

Грчката Влада ниту ги потврдува ниту ги демантира извештаите во медиумите за тоа кој е всушност последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова денеска го изјави портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас, што е новост затоа што досега тој секогаш остро демантираше се што се пишува во медиумите.

Во однос на шпекулациите за тоа каде ќе стои георгафската одредница, тој рече дека работен јазик на преговорите во Обединетите Нации е англиски така што и идеите и предлозите на Нимиц се презентираат на англиски.

Спорд него, последната средба во Њујорк е уште еден чекор во преговарачкиот процес, кој е со цел да ги доближи двете страни за тие да можат за дојдат до взаемно прифатливо решение.

Грчкиот преговарач Василакис денеска се враќа во Атина каде ќе го извести Министерството за последните разговори и предлози на Нимиц.

На новираско прашање дали Аврамопулос размислува да ја прифати поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на министерската средба во Охрид, Делавекурас рече дека не знае затоа што програмата на министерот за мај се уште не е готова.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски