Словенечката полиција уапси денес седум лица и спроведе претреси на неколку куќи и станови ширум земјата, под обвинение за злоупотреба на службената положба и довербата во двете финансиски операции на “Телеком Словенија” помеѓу 2007. и 2009 година, јавија словенечките медиуми.
Како што објави словенечката агенција СТА, детали за полициската акција се уште не се познати, но полицијата специјализирана за финансиски криминал – Националното истражно биро, наводно, го терети поранешниот шеф на бордот на менаџери на Телеком Словенија Бојан Дремељ.
Полициската акција уследи две години откако истражните работи ги побараа страните вклучени во акциите на “Телеком”, во кои е купен косовскиот оператор Ipko.net и словенечкиот интернет пребарувач “Interseek”.
Според податоци на компанијата, “Делоит”, Телеком Словенија во овие две постапки е оштетен за околу 50 милиони евра, наведува СТА, повикувајќи се на неофицијални информации.
Со дополнителна истрага од страна на словенечката антикорупциска комисија, утврдено е дека раководството на “Телеком”, предводено од Дремељ, со серија на пропусти, компанијата дополнително ја оштетило за околу 10 милиони