Анкетна комисија ќе ги истражи спасувачките спогодби на Грција со нејзините кредитори

Од:

Двете партии од владејачката коалиција во Грција, СИРИЗА и Независни Грци (АНЕЛ) доставија до Парламентот предлог за создавање на анкетна комисија, која ќе изврши истрага и ќе побара политичка одговорност за нанесените штети на државата од склучените спасувачки спогодби со кредиторите и за ставање на земјата на режим на надворешен надзор.

Весникот „Етнос“ пишува дека предлогот за оваа комисија е потпишан од 149 пратеници од СИРИЗА, на чело со нејзиниот лидер Алексис Ципрас и од 13 пратеници од АНЕЛ, предводени од лидерот и министерот за одбрана Панос Каменос.

Истрага на парламентарната комисија ќе го опфати периодот од октомври 2009 година, кога почна кризата до јануари 2015 година, кога на власт дојде партијата СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето