Анкета: Словенците бараат меѓународна помош

Од:

Владата на Словенија е премногу спора во објавувањето на мерките со кои би се спречила економската криза е мнозинското мислење на анкетата која ја спроведе весникот „Дело“.

Дури 70% од испитаниците се против покачување на ДДВ. Половина од анкетираните, пак, сметаат дека синдикатите во јавниот сектор да прифатат намалување на платите.

Речиси едногласно, односно 94% од граѓаните сметаат дека е потребно намалување на платите на членовите на словенската влада и парламент.

Анкетата е направена на репрезентативен примерок од 419 граѓани кон крајот на април годинава.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски