Анкета: Половина Србија за СНС, Тадиќ под цензусот

Од:

Кога денеска би биле одржани избори во Србија, 50,5 отсто од граѓаните би гласале за Српската напредна странка (СНС), 11 отсто за Социјалистичката партија на Србија (СПС), а на места во Парламентот би можела да смета само уште Демократската партија (ДС), за која би гласале 5,9 отсто од избирачите, се наведува во најновата анкета на „Фактор плус“.

Сите останати партии, вклучувајќи ја и Новата демократска странка (НДС) на Борис Тадиќ (4,8) би останала под цензусот – партиите на малцинствата би освоиле четири отсто од гласовите, СРС 3,1, Двери два отсто.

Меѓу анкетираните граѓани 18,7 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за некоха друга партија.

– Големо мнозинство од граѓаните настојува да го поддржува она што го работат Александар Вучиќ и неговата партија. Дури ниту најавите за намалување пензии и плати во јавниот сектор и другите тешки реформски мерки не влијаат на неговата популарност. Граѓаните премиерот едноставно не го гледаат како виновник, туку како некој кој се обидува работите да ги промени на добро, изјави директорот на агенцијата Владимир Пејиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија