Американските Евреи бараат Ердоган да го врати признанието за мир

Од:

Американскиот еврејски конгрес побара од турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган да ја врати наградата што ја доби од таа организација за придонес кон мирот на Блискиот исток.

Тие сега турскиот лидер го обвинуваат за „опасна реторика“ и „поттикнување на насилството над еврејскиот народ“.

Во отвореното писмо до Ердоган, претседателот на Американскиот еврејски конгрес Џек Розен оцени дека би можело да се каже дека премиерот на Турција станал „најопасниот антиизраелски лидер во светот“.

Во Турција почна кампањата за претседателските избори кои ќе се одржат следниот месец, во рамките на која Ердоган во повеќе наврати остро го критикуваше Израел поради офанзивата против Хамас во Појасот Газа, обвинувајќи ја еврејската држава дека извршила „геноцид“ и „варварство кое го надминува Хитлер“.

Розен потсетува дека во 2004 година Ердоган ја доби наградата „Профил на храброста“ од Американскиот еврејски конгрес, бидејќи тогаш се залагал за мирно решавање на блискоисточниот конфликт, како и поради настојувањата да ги заштити Евреите во Турција

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица