Американски дипломат повикан на разговор поради шпионирањето на Турција

Од:

Турското Министерство за надворешни работи денеска го повика американскиот дипломат на разговор поради медиумските извештаи дека САД ја шпионирале Турција, изјави турскиот заменик-премиер Булент Аранч.

На сајтот на германскиот магазин „Шпигл“ вчера беше објавено дека американската Национална безбедносна агенција и британската Агенција за прислушување вршеле „масовно прислушување на Турција“, повикувајќи се на документите од архивите на поранешниот вработен во НСА, Едвард Сноуден.

„Шпигл“ објави и дека американските разузнавачки служби и помагале на Анкара во борбата против курдските екстремисти, кои три децении се борат за поголеми права на Курдите во југоисточна Турција.

Пред неколку недели „Шпигл“ објави дека гермнанската разузнавачка агенција БНД со години ја шпионирала Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на претстојните средби на НАТО и на Обединетите нации ќе разговара со светските лидери за шпионирањето на Турција.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“