Американската полиција уапси осомничен воен злосторник од БиХ

Од:

Поранешниот припадник на вооружените формации во западна Босна, Сулејман Мујагиќ обвинет за воени злосторства, го уапсија њујоршките федерални агенти врз основа на барањето за негова екстрадиција, соопштија денеска американски власти.

Мујагиќ (50) уапсен е вчера во градот Јутик, во американската држава Њујорк под обвиниение дека незаконски убил војници од непријателската војска, ранил и мачел друг воен затвореник додека бил командантна вооружените сили на автономната покраина на Западна Босна во текот на војната во Босна и и Херцеговина.

Двајцата заробени војници биле припадници на војската на БиХ и тие се убиени по воениот судир во 1995 година.

Обвинението против Мујагиќ подигнато е во 1995 година, а тој во Јутик, со документи за постојан престој во САД,  живее од јули 1997 година.

Во Јутик живее повеќе од 4.500 Босанци, што е една од најголемите босански заедници во САД.

Би можело да ве интересира

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски