Америка не сака српски партии во новата црногорска влада

Од:

САД се многу загрижени поради извештаите дека владејачката коалиција во Црна Гора би можела да биде составена од партии и лидери кои активно се противат на евроатлантските вредности.

Ова за „Вијести“ од Подгорица го изјави американската амбасадорка во Црна Гора, Џуди Рајзинг Реинке.

Таа изјави дека ставот на САД за формирање на влада на Црна Гора не е променет.

Одговарајќи на прашањето како гледаат на можното формирање малцинска влада која би била поддржана од парламентот, без учество во него, на коалицијата За иднината на Црна Гора (ЗБЦГ), Рајнке изјави дека реалноста е дека учеството во владата на групи или лидери кои, како што изјави таа, „одбиваат да ја осудат руската агресија, одбиваат да се залагаат за правата на Украина, одбиваат да ги поддржат санкциите на ЕУ против Русија, одбиваат да ги заштитат правата на малцинствата и одбиваат да го почитуваат суверенитетот на соседите земји како што е Косово, драстично ги попречуваат напорите на Црна Гора во остварувањето на нејзините европски аспирации“.

„Го поддржуваме брзото формирање на влада која ќе биде посветена на евроатлантските вредности, ќе ја претставува мултикултурна Црна Гора, ќе биде доверлив сојузник на НАТО, силно ја поддржува Украина и ќе продолжи активно да работи на интеграција во Европската унија“, рече Рајнке.

Според последните информации, коалицијата ЗБЦГ од Собранието треба да го поддржи кабинетот на Движењето Европа сега (ПЕС), Демократите, Социјалистичката народна партија (СНП) и две коалиции на албанските партии – албанскиот форум и албанската Алијанса.

За возврат ЗБЦГ треба да ја добие функцијата шеф на парламентот, што, меѓу другото, ќе и овозможи да стане член на Советот за одбрана и безбедност, наведува „Вијести“.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора