Амбасадите на „Групата Квинт“ ги повикуваат Косово и Србија да ги обноват преговорите

Од:

Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во Приштина ги повикаа денеска властите во Косово и Србија да ги обноват преговорите, кои беа прекинати по воведувањето на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово, во ноември минатата година.

Амбасадите на петте највлијателни држави акредитирани во Косово, познати како „Група Квинт“, преку заедничко соопштение објавено од страна на американската амбасада, ги повикаа Приштина и Белград да ги избегнат дејствијата кои би го попречиле постигнувањето конечен договор, кој, како што се наведува, „е неопходен за нивна поголема евроатлантска интеграција и за придобивките од тоа“.

Дипломатските претставништва ја нагласуваат готовноста на нивните земји да ги зајакнат напорите во поддршка на процесот на Европската унија, која посредува во преговорите меѓу Косово и Србија.

– За Косово ова подразбира укинување на таксата воведена кон Србија. За Србија, ова значи прекинување на кампањата за повлекување на признавањата на косовската независност, се заклучува во заедничката декларација на петте западни амбасади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ