Албеу: Последен обид за дијалог, во Тирана доаѓа Хојт Ји

Од:

Без оглед што Албанија се наоѓа на прагот на парламентарните избори и владејачкото мнозинство веќе ја почна изборната кампања, отфрлувајќи каква било можност за дијалог со опозицијата, САД следната недела ќе го направат последниот обид.

Во албанската метропола доаѓа американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји, во последен обид за дијалог меѓу власта и опозицијата.

– Високиот американски функционер во Тирана ќе допатува следната недела и се очекува да оствари средби со главните политички лидери, што ќе бидат последни заложби за постигнување договор меѓу власта и опозицијата, пишува порталот Албеу.

Засега се знае дека Хојт Ји ќе се сретне со премирот Еди Рама, новоизбраниот претседател на државата Илир Мета и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 18 јуни, и веќе се верфикувани кандатите на 15 политички партии, кои пријавија учество на изборите во Централната изборна комисија, која доцна синоќа ги распоределила и средствата за партиите-учеснички.

Од колачот тежок 65 милиони леки, најголем дел добива Соцјалистичката партија 44,4 милони, Двжењето за социјалистичка интеграција 11,2 милиони, Партијата за правда интеграција и единство 2,8 милиони леки.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици