Албанските фирми на име придонеси должат 100 милиони долари

Од:

На име придонеси за пензиско, инвалидско и здравстевно осигурање, стопанските субјекти во Албанија должат над 100 милиони долари, јави дописникот на МИА.

Соопштувајќи ја оваа вест, албанскиот премиер Еди Рама најави акција со која сите правни субјекти ќе мора да ги подмират заостанатите обврски за придонеси.

– На име неплатени придонеси фирмите должат над 100 милиони долари. Тоа не може да се толерира. Држава мора да има, порача Рама.

Дека нема пардон во спроведувањата на наредбите на Рама, потврда се претходно реализираната масовна акција во селото Лазарат, познато како „фабрика за марихуана“, во кое полицијата две децении немаше пристат, кога беа уништени стотина тони марихуна и повеќе стотина илјади садници од ова накортично растенија, како и акцијата за прибирањете на средствата за потрошена електрична енергија и прекин на илегалните поврзувања во електромрежата.

Инаку, во акцијата реализирана од Електродистрибуција и полицијата поради нелегални поврзувања и неплатени големи сметки, беа уапсени над 300 граѓани, сопственици на фирми, па дури и функционери. Меѓу притворените се и директорот за економски криминал во ШИШ, еден од најблиските соработници на првиот албански разузнувач. Од функцијата беа разрешен и началникот на подрчната единица за правда за околијата Кукс, кој долги години не ги подмирувал сметките за потошена електрична енергија, директорот на регионалната дирекција за образование за Голема Малесија, заменик министерката за животна средина, како и други носители на раководни функции.

Поради неплатени сметки работата ја изгубија и над 130 затворски чувари, најмалку 250 вработени во Електродистрибуција, а сега се проверува и државната администрација.

Граѓаните кои се жалеа дека немаат средства да ги подмират сметките, уплашени да не завршат во затвор, веќе ги подмирија сметките, со тоа што каматата им беше намалена за 80 отсто.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски