Албанскиот претседател незадоволен од односот на владејачкото мнозинство

Од:

Во анализатата за 2014 година, албанскиот претседател Бујар Нишани оценува дека институцијата со која тој раководи била „како никогаш досега напаѓана од владејачкото мнозинство“.

Во интервју за Гласот на Америка, Нишани вели дека бил нападнат од владејачкото мнозинство, кое, според него, ги употребува гласовите кои ги има во Парламентот за да ја стави под притисок институцијата Претседател а не да работи за граѓаните.

– Беше една тешка година и институцијата претседател на републиката, како никогаш досега во историјата на албанскиот плурализам беше под притисок, напаѓана во законска смисла од едно мнозинство кое никогаш ја нема правилно употребено силата која ја има во Парламентот а која му е дадена за да работи за граѓаните, за да ја исполни одговорноста во однос на општеството и да не ги доведува во тешка позиција инситуциите, посебно независните, како што е и институцијата шеф на државата, изјавил Нишани.

Претседателот Нишани, лани во повеќе наврати не се согласуваше со закони кои ги изгласа владејачкото мнозинство, без присуство на опозицијата. Меѓу нив беше и законот за новата амдинистративно-територијална поделба, за кој сметаше дека е потребна поширока јавна расправа, во која граѓаните ќе го кажат својот став. Но иако не го потпиша и го врати законот, парламентот повторно го увои без никакви измени.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски