Албанскиот претседател Мета пречекан со државни почести во Приштина

Од:

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета е пречекан денеска со државни почести во Приштина од косовската претседателка Вјоса Османи, на неговата последна официјална посета на една земја како претседател, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата во кабинетот на Османи предвидена е заедничка прес-конференција на двата претседатели, по што Мета ќе се сретне и со собранискиот спикер, Глаук Коњуфца и ќе се обрати на пратениците во законодавниот дом на Косово.

За време на престојот во Приштина албанскиот претседател ќе се сретне и со косовскиот премиер, Албин Курти.

Според агендата, претседателите Мета и Османи вечерва во косовската престолнина ќе присуствуваат на свеченото отворање на културната манифестација „Манифеста 2022“.

Мандатот на Мета на чело на албанската држава завршува в недела, на 24 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он