Албанскиот парламент треба да го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Од:

Албанскиот парламент на денешната пленарна седница закажана за 10 часот се очекува да го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Според дневниот ред објавен на сајтот на албанскиот законодавен дом, Протоколот треба да се изгласа со апсолутно мнозинство. Пред тоа предвидено е да зборуваат претседателите на парламентарната Комисија за надворешни работи, за национална безбедност и Законодавната комисија, како и координаторите на парламентарните групи.

Претходно по усвојувањето на одлуката од страна на Владата на премиерот Еди Рама, Протоколот за членство на Република Северна Македонија едногласно го подржаа Парламентарната комисија за надворешна политика и законодавната комисија.

Како што наведоа албанските медуми членовите на комисиите, од власта и од опозицијата,по долг период за првпат биле одногласни околу едно прашање а тоа е токму изгласувањето на Протоколот, со кој се отвора патот за соседна и пријателска Македонија да се приклучи во НАТО како 30-та членка.

По Грција и Словенија, Албанија ќе биде третата земја членка на северноатланската Алијанса која ќе го потпиша Протоколот. Набрзо се очекува тоа да го стори и Бугарија,откако Владата му предложи на Народното Собрание да го ратифкува Протоколот.

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста