Албанскиот парламент ги усвои уставните измени, се укинуваат изборните коалиции

Од:

Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.

Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата.

Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа.

Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет, во кого имаше претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите одбија да се откажат од своите позиции.

Гласањето следуваше по четиричасовна жолчна расправа,во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој изјави дека „денеска изборните коалиции се бришат“.

Тој рече дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат. Додаде дека кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ.

Каква ќе биде реакцијата на странците, кои апелираа да нема еднострано изгласување на уставните измени останува да се види.

Во меѓувреме познавачите на политичките состојби во Албанија оценуваат дека поради изгласувањето на измените, без согласност на вонпарламентарната опозиција, ќе ја влоши политичка состојба во земјата, што ќе влијае на парламентарните избори, кои треба да се одржат во јуни до година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски