Албанскиот Парламент избра нов потпретседател и претседатели на комисии

Од:

По пополнувањето на повеќе од половината пратенички места од кои се откажаа пратениците од обединетата опозиција, а на нивни места дојдоа нивни сопартијци кои се наоѓаа подолу на кандидатските листи, албанскиот законодавен дом на денешната седница избра нов протпретседател, како и претседатели и потпретседатели на парламентарни комисии.

Од денесka потпретседател на Парлaментот е Мислим Мурзи, кој доаѓа на местото на Еди Палока од Демократската партија(ПД), додека координаторката на новата пратеничка група на истата партија, Рудина Хајдари е избрана за претседателка на парламентарата комисија за евронтеграција.

Пратеници од Демократската партија и од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), беа избрани за претседатели на уште две парламентарни комсии – за социјални прашања, односно за здравство, додека нивни сопартијци се избрани за потпретседатели на четири парламентарни комисии.

Во Парламентот досега пополнети се речиси 70 отсто од пратеничките мандати на опозицијата, односно 37, со што во Pарламентот има 116 пратеници од вкупно 140.

Оние кои се согласија да бидат во Парламентот, не се поштедени од разни навреди од страна на нивните матични партии кои ги етикетираат како предавници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици