Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на пратеникот Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора

Од:

Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра.

Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти во 2021 година и 4,8 и 4,5 проценти соодветно за 2022 и 2023 година. Стапката на невработеност се предвидува да се намали на ниво од 12,2 отсто, за јавни трошоци се планирани 587,6 милијарди леки или 34,9 отсто од БДП.

Буџет обезбедува посебна поддршка за здравството со зголемување на средствата од 23,3 отсто, двојно зголемена економска помош за семејства кои имаат потреба за времена на пандемијата.

Во тие рамки се предвдува покривање на трошоците за лекарства на болните од Ковид-19 кои се лекуваат во домашни услови, финансиско покритие за бесплатната вакцина против Ковид-19, како и 40 отсто зголемување на платите за медицнскиот персонал.

-Во буџетот не најдоа место моите забелешки или барања. Прво дека општина Пустец е единствена општина за која албанската Влада со буџетот не планира никаква инвестиција. Второ да се обезбедат средства за социо-економскиот развој и инфраструктура во другите области каде што живее македонската заедница, како што е областите Голо Брдо и Гора и селото Врбник во општина Девол, изјави Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција.

Во Буџетот не е вклопено ниту барањето да се обезбедат средства за Фондот за националните малцинства, преку кој ќе се поддржуваат иницијативи и проекти насочени кон заштита на правата на малцинствата и заштита и унапредување на нивниот национален, јазичен и културен идентитет.

Би можело да ве интересира

Во Албанија лани 22 отсто помалку бракови споредено со претходната година

Ана Ололовска

Албанија регистрира црн неделен рекорд на умрени од Ковид-19

Ана Ололовска

Албанија доби нова пратка со 8.190 вакцини од Фајзер, Рама најави 360.000 дози од пријателска земја

Ана Ололовска

Минатата година 6.500 албански граѓани побарале азил во земјите на ЕУ

Во Албанија досега вакцинирани 5.891 лица, заразата не стивнува

Ана Ололовска

Во Албанија продолжува да коси „белата чума“

Ана Ололовска