Албанскиот Парламент го поддржува барањето за нов граничен премин на албанско-грчката граница кај Пустец

Од:

Комисија за надворешна политика на албанскиот Парламент, со која раководи Мими Кодели, од владејачката Социјалистичка партија, на денешната онлајн седница, го подржа барањето за отворање нов граничен премин со Грција, кај селото Церје, општина Пустец.

-Античките латински научници порано велеа “Carta canta, villan dormi”, така да ќе го доставиме и писмено барањето до Министерството за надворешни работи со цел да има и официјално барање, без оглед што е валидно и барањето за време на состаноците на комисијата во присуство на претставник на министертвото, рече Кодели.

Имено, на седницата пратеникот Ервин Бушати од Социјалистичката партија побара од заменик министерот за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја министерството да се ангажира за отворање на споменатиот граничен премин, што претходно,како што рече, го побарал и пратеникот Васил Стерјовски.

-Ова е третпат, за повеќе од три месеци, како јас и колегата Стерјовски,во оваа комисија бараме физибилити студија за значењето од отворањето на граничен премин во општина Пустец со државата Грција. Не ми изгледа нормално  двајца пратеници од ова комисија да поставуваат исто барање и да нема официјален одговор од министерството за надворешени работи за една толку едноставна работа. Ќе се отвори да или не? Колку чини и кога ќе се отвори? рече Бушати.

Отворање на овој граничен премин, пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, побара и на пленарна седница на албанскиот парламет при што доби  подршка од повеќе пратеници.

Според него, отворањето на граничниот премин на албанско-грчката граница и секако асфалтирањето на патот од селото Зрноско до Церје е од посебно значење за развој за општина Пустец и зголемување на бројот на туристите.

– Ја охрабруваме Владата на Албанија заедно со грчкaта Влада да го следат примерот меѓу Македонија и Грција кои се договорија за отворање на граничниот премин Маркова нога од другата страна на Преспанското Езеро и со европски фондови ќе ја градат инфрструкурата на овој граничен премин. Со развојот на општина Пустец и зголемување на бројот на туристите, освен оваа општина бенефит ќе има и градот Корча, кој се наоѓа на 25 километри од Пустец, рече Стерјовски.

Тоа,како што рече, поради фактот што општина Пустец нема доволно капацитети да ги смести туристите,поради што  добар дел, ќе ги користат хотелските капацитети во Корча.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски