Албанскиот парламент даде виза за реформите во правосудството

Од:

Албанскот парламент околу еден час по полноќ со апсолутен консензус и од власта и од опозицијата ги усвои реформите во правосудство, што беше клучен услов за приближување на земјата до ЕУ.

Со ова и албанската опозициска Демократска партија, го прифати новиот предлог даден од американскиот амбасадор Доналд Лу и евроамбасадорката Романа Влахутин по пропаѓањето на претходно постигнатиот договор околу реформите во правосудството. Седницата на парламентот вчера кусо по почетокот беше прекината и одложена до мигот кога ќе се постигне договор.

Претседателот на парламентот Мета, на почетокот во обраќањето до пратеницитете рече дека седнцата нема да заврши додека не се усвојат реформите со консензус.

Продолжението на седницата и гласањето на реформите, од ложата на собраниската сала ги следеа американскиот амбасадор Доналд Лу, евроамбасадорката Романа Влахутин, како и лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша.

На попладневното продолжение на седницата прв се обрати претседателот на посебната Комисија за реформи во правосудството, Фатмир Џафај, кој денот го оцени како „посебен во парлментарната историја на земјата што го заслужуваат граѓаните“.

Според него, оваа реформа е една од најдобрите процеси, кој ја враќа довербата кај граѓаните и треба да овозможат еднаквост пред законот.

Зборуваа повеќе пратеници, кои меѓу другото оценија дека со реформите им се дава на Албанците „правда без корупција“ и оти консензусот и изгласувањето се „патриотски чин“.

Последен пред гласањето на пратениците им се обрати премирот Еди Рама, кој за разлика од вообичаено, зборуваше кусо, повикувајќи ги пратениците да гласаат за реформите и заблагодарувајќи им се на дипломатите за сестраната помош.

Сепак не заборави да упати остри обвинувања до опозицијата и во неговиот познат стил на говор рече дека било „толку неможно да се извади белиот чад од овие реформи, бидејќи ќе извадат црн чад на правдата“.
Дел од албанските медиуми информирајќи за изгласувањето на реформите наведуваат дека конечно заврши „теленовелата Реформи во правосудството“, поради фактот што нивната подготовка почна пред осумнаесет месеци и поради сите случувања што следеа до нивното усвојување.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици