Додека пред Министерството за внатрешни работи се одржува вториот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец, албанскиот премиер Еди Рама преку видеопорака јавно понуди извинување на семејството на момчето.
Тој исто така соопшти дека првиот полицаец Сандер Лешај си поднесол оставка од морални причини.
Рама рече дека министерот Лешај претходно му ја најавил оставката додека бил во САД и оти денеска имал средба со него. Но, според Рама, „предметниот настан е посебен случај на полицаец“.
-Полицаецот е само трагичен исклучок што го консолидира правилото дека полицијата е заштитничка на граѓаните. Веднаш по добивањето на трагичната вест, министерот Лешај ми ја стави на располагање својата оставка. Ми рече дека тоа е во ред. Му реков да ме почека да се погледнеме во очи. Се сретнавме денеска и горд сум на чувството и ставот на Сандер Лешај. Денес не се сите исти. Тој нема никаква врска со трагичниот чин, но како морален чин си поднесе оставка, рече Рама.
Во однос на полицаецот кој пукаше во момчето, Рама рече дека тој е во рацете на правдата која треба да одлучи за него, додавајќи дека „ направил дело за кое нема објаснување“.
По пристугнувањето од САД, Рама беше во посета на семејството Раша, кое живее во населбата Лапрак во Тирана, за да изрази сочувство.