Албански министер однел Ромче во болница каде претходно му била одбиена услуга

Од:

Новиот министер за социјална политика и младина Ерион Велиај, ги зачудил присутите пациенти во Воената боница во Тирана, кога влегол во болницата држејќи во раце дете од ромска националност на кое му била потребна лекарска помош.

Претходно детето го однеле неговите родители но му била одбиена лекарска помош, по што лично се заложил министерот.

– Двегодишниот Елидон е детето што беше лесно повредено на улицата во чија близина повеќе од пет недели во шатори живеат 37 ромски семејства насилно протерани од нивните бараки во кои живееа со години. Министерот Велиај детенцето го запознал при неговата посета на ромските семејства уште првиот ден од стапувањето на должност, пренесува весникот Тема.

Мајката на малиот Елидон му се пожалила на министерот дека го однеле детето во болница, но од таму излегле без да биде детето лекувано. Само ден по средбата министерот лично го однел детето во Воената болница каде му била пружена потребната лекарска помош.

Министерот на средбата ветил дека многу брзо ќе биде решен проблемот со сместувањето на овие ромски семејства, кои живеат во мизерни услови.

Во Албанија живеат околу 200 илјади Роми и Египќани и припаѓаат на најсиромашната категорија, дури не ги уживаат ни најосновните човекови права, како што е здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана