Албански цариници помагале шверц на стока од Македонија

Од:

Албанската полиција уапсила петмина цариници од граничниот премин Горица, на албанско-македонската граница кај Стење, откако дозволиле да мине автомобил натоварен со придукти од Македонија, без да биде извршена потребната царинска процедура.

– Доцна синоќа упасени се цариниците од граничниот премин Горица, Алтин Ценоли(43) и Нико Вурмо(43) и двајцата од Корча. Pо првичните истражни дејствија денеска се притвoрени и Дефрим Агаста,Газмор Брегу и Пиро Пенто. Уапсени се и лицата Налтон Мони (37) и Гезим Гега(46) жители на од селото Појан кај Корча, сопственици на автомбилот и натоварената стока, потврдила полицијата од Корча за агенцијата НОА.

Автомобилот марка „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички бил запрен од полицијата кај селото Ѕвезда и по контролата било утврдено дека не поседуваат никаков документ за стоката или некаква царинска потврда. Меѓу запленетата стока имало 160 пластични шишиња од по два килограми со црвено вино,исто толкава количина со оцет, пет кутии со месни производи во вкупна тежина од 58 килограми, 40 пластични шишиња од по два лири со кока кола.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек