Албанската полиција запленила 300 килограми марихуана

Од:

Албанската полиција синоќа во пристаништето во Драч откри и заплени 300 килограми марихуана, која требало да биде пренесена во Италија.

Дрогата била откриена на контролниот пункт, во камион со албански регистарски таблички, кој требало да влезе во траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари. Полицијата го привела возачот на камионот Агим Ајази (53), албански државјанин.

Според агенцијата Балкан веб, ова е петта голема пратка со марихуана запленета во Драч овој месец. Освен кон Италија, нарко дилерите не мируваат и во правец кон Грција а од неодамна и кон Македонија.

Во изминатите денови албанската и грчката полиција имаат запленето околу еден тон марихуна, а македонската околу 300 килограми во две одделни акции. Запленетата марихуна, главно е произведена во селото Лазарат, но површини со ова наркотично растение има и во северниот планиски дел на земјата, како и во централна Албанија.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски