Албанската полиција заплени над половина тон марихуана

Од:

Албанската полиција од приморскиот град Валона заплени 577 килограми марихуана и уапси три лица под сомнение за меѓународна трговија со наркотични средства.

Како доказен матерјал запленет е и гумен чамец со кој ја транспортирале дрогата, чија крајна дестинација била Италија.

– Дрогата е зплената кај месноста „Заливот на Дафина“, во близина на Карабурун, по неколкучасовно следење на чамецот. Лицата кои беа во чамецот за да се спасат од полицската поморска патрола се обиделе да го напуштат чамецот, но не успеале во намерата. Запленети се 577 килограми марихана, како и моторниот чамец, а упсени се и три лица, се наведува во соопштението од полицијата.

Уапсените се на возраст од 27, 34 и 43 години и се жители на Валона.

Акцијата „Карабурун“ полицијата од Валона ја реализирала во соработка со „Делта Форца“, „Гуарда ди финанца“ и граничната полиција.

Полициските служби, се посоува во соопштението, продолжува со засилените контроли на поморскиот простор, со цел да се „спречат, идентификуваат и разбијат обидите за трговија со дрога“.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Запленети околу четири тона марихуана во Валандовско

А1он