Албанската полиција во Дукаѓини уништи 18.000 стебла марихуана

Од:

Албанската полиција само во текот на вчерашниот ден во неколку села во северната област Дукаѓини уништила околу 18.000 стебла марихуана.

Марихуаната била засадена на 147 парцели, а стеблата биле високи од 60 до 240 сантиметри.

Во акцијата со која раководел генералниот директор на албанската полиција Хаки Чако биле ангажирани 450 полицајци припадници на специјалната едница „Ренеа“, единицата за брза интервенција, како и полицајаци од комесаријатот Скадар, како и 70 возила и неколку хеликоптери.

– Парцелите со марихуана се во тешко достапни планиски предели, што ја отежнува акцијата на полицијата. Ја поздравувам нивната пожртвуваност и успешноста на акцијата, која ќе продолжи и во другите делови на Дукаѓини, рекол Чако.

Ова е втора голема акција на полицијата против одгледувањето на ова наркотично растение во оваа област. Во акцијата реализирана лани во истот период беа уништени над 100.000 стебла марихуана по што Дукаѓини го доби епитетот втор Лазарат. Во ланската акција беше пукано врз хеликоптерите, вчерашната акција минала без проблеми.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек