Албанската полиција почна потрага по 80 опасни криминалци

Од:

Зачестите криминални дела се причина албанската полиција да почне суперакција за откривање и приведување на лицата со криминално досие кои досега биле недостапни за полицијата, но и лица кои се движат со оружје на себе.

Врз основа на посебен оперативен план стотици припадници на полицијата ќе вршат контрола во населените места и главните патишта.

-Припадниците на единицата за брзи интервенции,РЕНЕА, во соработка со полициските работници во сите околии ќе вршат контрола по патиштата, улиците,ноќните клубови,дискотеки,  пабови и други објкети.Полицијата го класифицираше овој план како суперакција. Најголемиот број од припадниците на полицијата ќе бидат стационирани во Тирана,- потврдил висок полициски функционер за онлајн изданието на весникот „Шекули“.

Според истиот извор спроведувањето на акцијата нема определен временски рок а нејзина цел е да се заштити заедницата од криминалците, кои посебна агресивност покажуваат од недоамна кога се регистррани серија убиства.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски