Албанската полиција доби нов генерален директор

Од:

За нов генерален директор на албанската државна полиција е назначен Мухамет Румбулаку, кој има 29- годишно искуство во државната полиција.

Педесет и две годишниот Румбулаку има чин прв офицер, бил заменик генерален директор на полицијата за јавен ред и безбедност 2009-2013 година, додека пред тоа бил директор на Полицијата на Тирана и во некои други области.

За време на техничката влада во 2017 година, Румбулаку неколку месеци беше советник на министерот за внатрешни работи Дритан Демирај.

Од 2019 година до пред две недели ја извршуваше функцијата директор на Агенцијата за надзор на полицијата. Во ноември 2020 година, Мухамет Румбулаку беше потврден од Комисијата за оценка по три сегменти имот, чистота на личноста и професионални вештини.

Тој доаѓа на местото на местото на Гледис Нано, кој по не цела година од назначувањето беше разрешен на 31 минатиот месец.

Привремено должностите ги презеде заменик директорот на полицијата, Тонин Вуцај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

A1on

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Владата ја смени одлуката: Мехмеди немал дозвола за контролор, Хекуран Асани е нов предлог за директор на М-НАВ

A1on

Владата го разреши Хамиди: Илир Мемети нов генерален директор на М-НАВ

A1on

Внукот на Али Ахмети, Дрин стана управител на „Соравиа“, ќе ја води фирмата со Бугаринот Валери Атанасов

A1on

Нов директор на МЕПСО е Зуди Кока, брат на Цуфи Кока кој впери пиштол во демонстранти

A1on