Албанската мафија криумчари бегалци преку Јадранот

Од:

Албанската мафија инвестирала милиони евра во брзи чамци за криумчарење на бегалци, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

По успешното затворање на балканската рута, меѓународните банди за криумчарење веќе пронашле нови патишта, а албанската мафија со брзи чамци тоа го прави преку Јадранското Море во Италија, пишува весникот, повикувајќи се на извори блиски на Владата.

„Кронен цајтунг“ додава дека поради тоа Австрија подготвува воведување на уште поостри мерки на гранична контрола за да го спречи криумчарењето на мигранти преку алтернативни патишта преку Италија, пренесува Танјуг.

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави дека следните недели ќе биде завршена фазата на планирање и ќе почнат зајакнати контроли на граничните премини преку Италија.

Точниот даум на почетокот на зајакнатите контроли засега не е соопштен.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек