Албанската и косовската полиција разбија меѓународна шверцерска група

Од:

Во голема полициска акција реализирана во Албанија и на Косово разбиена е меѓународна шверцерска група и запленета поголема количина дрога.

Освен седумте килограми кокаин,запленети на преминот Морина на албанско-косовската граница, албанската полиција во село во близина на градот Мамурас заплени 50 килограми кокаин, 18 килограми хероин, 150 килограми марихуана, 850 литри течност која се користела за мешање на дрогата, апарати и средства за пакување. Запленет е и блиндиран автомобил марка „БМВ“,како и девет парчиња огнено оружје, три снајпери, гранати и експлозив.

Според медиумите во Косово членови на бандата се притворени и кај истите запленети се над 50 килограми кокаин и повеќе килограми други полесни дроги.

Акцијата на полициите продолжува.

Во средата во вечерните часови на тиранскиот аеродром уапсен е колумбиски државјанин при обид за замине за Шпанија. Постојат основани сомненија дека е вмешан во шверцот на 250-те килограми кокаин запленети деновиве во црногорското пристаниште Бар. Кокаинот  бил скриен во контејнери со банани, за кои испорачателот бил од Еквадор, а нарачателот – компанија од Албанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја