Албанската ЦИК регистрира две изборни коалиции

Од:

Централната изборна комисија во Тирана одлучи официјално да  регистрира две изборни коалиции за учество на локалните избори закажани за 21 јуни, јави дописникот на МИА од Тирана.

Комисијата ја регистрира изборната коалиција на левицата „Алијаса за европска Албанија“ (AСE), предводена од владеачката социјалистичка партија на премиерот Еди Рама и изборната коалциија на десницата „Народна алијанса за работа и достоинство“(AППД), предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана,  Љуљзим Баша.

Изборната коалиција на левицата е регистрирана како коалиција на 37 политички субјекти, а не 39 колку што биле приложени. Двете партии онаа Албанско работничко движење на Шефќет Мусарај и партијата Нова толеранција на Албанија на Авди Кечи, не може да учествуваат на избори бидејќи не се регистрирани во судскиот регистар на политички партии.

Во левата изборна коалиција дел е и единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Десната изборна коалиција брои 15 политички субјекти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек