Албанска вдовица ги одгледува своите три деца во бункер во Тирана

Од:

Во еден од многубројните бункери, изградени во цела Албанија од поранешниот комунистички лидер Енвер Хоџа, 30-годишната вдовица Флорие Џана ги огледува своите три деца во многу примитивни услови, пишува албанскиот весник „Шекули“.

Флорие раскажува за весникот дека пред 12 години таа и нејзиниот покоен сопруг го купиле бункерот во предградие на Тирана за 35 илјади леки (250 евра). Шест години подоцна нејзиниот сопруг починал и таа почнала вистинска борба за преживување.

Трите деца, момче и две девојчиња, одат на училиште, а мајката секојдневно се мачи да им обезбеди минимални услови за нормален живот.

Децата велат дека нивниот дом е доста широк и оти во текот на зимата е топол, а во текот на летото студен. Се жалат само дека немаат многу мебел, а кога врне таванот прокиснува.

Според официјалните податоци во времето на Енвер Хоџа изградени се 700 илјади бункери, а според некои проценки од материјалот што бил искористен за нив можело да се изградат околу седум милиони помали станови.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек