Албанија за три дена врати околу 800 свои граѓани кои сакале да патуваат во ЕУ

Од:

Деновиве засилена е граничната котрола во пристанишниот албански град Драч како последица на зголемениот бран албански граѓани кои сакаат да заминат надвор од границите на земјата во правец на земјите од шенген зоната, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според порталот Албеу, албанските власти на повеќе стотини свои граѓани, главно од подрачјето на гардовите Елбасан, Либражд и Фиер им забраниле излез при обидот да патуваат кон некоја од земјите на ЕУ.

Станува збор за албански државијани кои при намерата за заминат со траект за Италија, не знаеле да кажат за која цел патуваат , додека поголемиот број од нив не ја поседувале предвидената сума на пари како и потребениот документ за семејството каде треба да престојуваат.

Само од Драч во последните три дена излез од матичната земја не им е дозволен на 600 албански државјани, додека со оние од други гранични премини, бројката, според Министерството за внатрешни работи е околу 800.

Поголемиот број од вратените кажале дека патуваат кај свои роднини во Германија.

Поради зголемување на бројот на албански државијани кои бараат азил во земјите на ЕУ, институциите на ЕУ покрај депортацијата  на албанските државјани бараат од Албанија и забрана за патување кон земјите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана