Албанија за една година со речиси 3.000 жители помалку

Од:

На 1. јануари годинава Албанија имала 2.893.005 жители, што е за 2.942 помалку споредено со истиот датум лани, јави дописникот на МИА.

Според официјалната статистика, од вкупнот број жители, 1.462.005 се мажи, а 1.431.000 жени или соодносот е 102,1 мажи на сто жени.

Во текот на минатата година, според Институтот за статистика, во Албанија се регистрирани 35.760 новороденчиња, од кои 19.683 машки и 17.077 женски. Природниот прираст на наелението бил 15.104 лица.

Институтот потвдува дека лани земјата ја напуштиле 46.413 лица, од кои 52 отсто мажи, додека во Албанија се вратиле 28.486 лица.

Најнаселена околија е Тирана, со 800.986 лица, потоа Фиер со 315.012 и Елбасан со 301.397 жители. Околии со најмалку жители се Ѓирокастро, Кукс и Пешкопеа, кои имаат 72.202, 85.461, односно 136.476 жители.

Доколку се направи споредба со бројот на населението по падот на комунизмот, тогаш Албанија имаше над 3,8 милиони жители. Пограничната околија  Пешкопеа, на албанско-македонката граница кај Дебар, имаше 350 илјади жители, додека Тирана околу 300 илјади.

Освен во странство во последниве 25 години во Албанија масовна беше у појавата на миграција село-град.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек