Албанија подготвена за заедничко решение за бегалската криза

Од:

Мигрантската криза како и перспективите на Албанија за зачленување во ЕУ, беа главни теми на денешните разговорите во Тирана на еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопоулос со албанскот државен врв.

Како што јави допсиникот на МИА, двете страни изнесоа оценка дека мигрантската криза со која се соочува Европа ги извадила на виделина колективните одговорности и го истакнала значењето од интензивирање на соработката на ЕУ и земјите од западен Балакан.

Албанскиот премиер Еди Рама на високиот претставник на ЕУ му дал гаранција дека неговата земја ќе остане верна на европските вредности и ќе се ангажира да биде дел од заедничкото европско решение на кризата со бегалците,нагласувајќи при тоа дека унилатерлните одлуки не се во прилог на решавање на кризата.

– Како и секогаш што беше досега, Албанија и натаму ќе биде подготвена во рамките на нејзините можности и капацитети да ја преземе нејзината улога во рамките на заеднички план на ЕУ, изјави Рама.

Од своја страна евокомесарот за мигации, Аврамопоулос ја поздрави подготвеноста на Албанија да даде придонес во едно европско решение и оти ЕУ ќе ја подржи на секој нејзин чекор.

– Албанија не е сама, ЕУ е на нејзина страна и дозволете да ви дадам признание дека иако не сте членка на ЕУ вашите ставови се заеднички со вредностите и начелата од кои секоја земја членка на ЕУ треба да се предводи при секој нејзин став, рекол Аврамопоулос.

Еврокомесарот се сретна и со шефот на албанската држава Бујар Нишани, кој исто така ја наглси подготвеоста на Албанија за соработка околу прашањето на бегалците.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек