Албанија нуди азил за членови на иранска опозициска група

Од:

Албанската Влада денеска соопшти дека ќе понуди азил за 210 припадници на една иранска опозициска група која во моментот е сместена во американската воена база во близина на главниот град на Ирак, Багдад.

– Азилот за припадниците на групата Муџахедин-ел-Калк понуден е од хумаитарни причини, изјави албанскиот премиер Сали Бериша по состанокот со заменик-помошникот на државниот секретар Барбара Лиф, американскиот пратеник за Ирак, Мартин Коблер и други претставници.

Владата во Багдад сака иранската група да го напушти Ирак.

Муџахедин-ел-Калк е против иранскиот верски режим и е одговорна за поголем број атентатити и бомбашки напади во Иран до 2001 година, кога се откажа од насилството. Нејзините членови во 80-тите години од минатиот век заедно се бореа со тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин во иранско-ирачката војна.

Според податоци на Обединетите нации околу 3.000 припадници на Муџахедин-ел-Калк живеат во поранешната американска база и одбиваат да заминат од Ирак.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек