Албанија не планира укинување на полицискиот час

Од:

И покрај стабилната епидемиолошка состојба со Ковид-19, албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата, не размислува за укинување на мерката за ограничено движење.

Скендер Братај, член на комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана, коментирајќи го барањето на унијата на угостители за ослободување од анти-ковид мерките рече дека мерките ќе продолжат да се ослободуваат, но нема да бидат укинати целосно.

-Според одлуката на Комитетот полицискиот час од први јули се скратува за еден час, односно наместо во 23:00 ќе почнува на полноќ и ќе трае како и до сега до 6 часот. Во врска со барањето да се дозволи музика во угостителските објекти и по полноќ, а не како до сега до 22:00 часот, тоа не е поврзано само со опасниот вирус, туку со фактот дека локалите се во станбени области и музиката станува вознемирувачка за жителите во тие области, вели тој.

Додава дека од први јули ќе се дозволи одржување културни активности со присутност од 30 отсто од капацитетите.

Братај стравува дека мутацијата на делта коронавирусот можно е да се појави во Албанија, поради фактот што нема никакви ограничувања за влез во земјата за странците, но и поради најавата за масовно доаѓање на иселениците, кои, по традиција, летниот одмор го минуваат во родниот крај.

Инаку, според вчерашните податоци на министерството за здравство регистриран е само еден нов случај позитивен на Ковид-19, од направените 1.960 тестови, починати нема, активни на болеста се 87 лица а болнички се третираат само двајца пациенти.

Би можело да ве интересира

Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки

Катерина Ѓуровски

Плеврис: Не се покренува прашањето за рестриктивни мерки за Солун и поширокиот регион

А1он

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

А1он

Во Албанија пристигнаа 100 илјади дози вакцини „Астра зенека“ донација од Грција

Албанија петти ден без починати од Ковид-19

Катерина Ѓуровски