Албанија: Мета побара од Владата намалување на цените на горивата и економски пакет мерки

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, осврнувајќи се на состојбата со растот на цените, вечерва побара од Владата да ги намали цената на горивата и да одобри пакет економски мерки за заштита на ранливата категорија граѓани.

Според него, вакви мерки презеле Грција, Северна Македонија, Косово и Хрватска, а Албанија „има преземено нула економски мерки за помош на семејствата и земјоделците“ барајќи албанската влада под итно да го следи примерот на Грција, Северна Македоноја, Косово.

-Владата итно да интервенира: Да се намали цената на горивото; да одобри економски пакет за помош на семејствата кои имаат потреба. Сега е време да се слушне гласот на граѓаните, порачува Мета.

Во објавата додава дека Грција одобрила пакет економска помош од 300 до 400 евра за секое семејствата со ниски приходи.

-Северна Македонија подготви економски пакет од 400 милиони евра за ублажување на ценовната криза, фокусирајќи се на намалување на цените на горивото, струјата и помагање на семејствата на кои им е потребна. Косово издвојува 50 милиони евра субвенции во земјоделството. Хрватска ја укина акцизата за нафтата. Албанија нула економски пакет за помош на семејствата во неволја, земјоделците и малите бизниси и нула иницијативи за намалување на навредливите цени на горивото, струјата и производите за потрошувачката кошничка, напиша Мета во објавата на Фејсбук.

Во Тирана и други градови беа одржани протести со барање за намалување на цената на горивата, што, според учесниците ќе ги намали и цените на транспортот и на другите производи. Најавени се секојдневни протести се до исполнување на барањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек