Албанија ќе биде потпретседател на 75-та седница на Генералното собрание на ОН

Од:

Албанија е избрана за потпретседател на 75-та седница на Генералното собрание на ОН,функција која ќе ја обавува амбасадорката на оваа земја во светската организација Бесиана Кадаре.

Соопштувајќи ја веста Кадаре напиша дека е „горда да објави дека Албанија е избрана за заменик претседател на 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации и оти со нетрпение очекува да соработува со Волкан Бозкир,од Турција кој е новозбраниот претседател“.

-Голема привилегија и извонредна одговорност е да и служам на мојата земја на оваа важна функција, додава Бесиана,која е ќерка на еден од најпознатите албански писатели Исмаил Кадаре.

Секоја регионална група, како што пренесува албанската државна агенција АТА, во Обединетите нации е претставена од потпретседател на Генералното собрание. Албанија ќе ја претставува групата Источна Европа, која ги вклучува Балканот, Источна Европа, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан, Ерменија и други.

Поздравувајќи го изборот шефот на државата Илир Мета оцени дека „тоа е многу добра можност за достоинствено претставување на Албанија во оваа многу значајна светска институција“.

За парламентарниот спикер, Грамоз Ручи, изборот на Бесиана Кадаре претставува национален и политички успех.

Посакувајќи и успешна работа,овластениот министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај, додава дека „изборот на Албанија на оваа висока институционална позиција јасно го докажува растечкото присуство на албанската дипломатија во ООН“.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он