Албанија го презеде претседавањето со ОБСЕ, за Рама ова е исторски момент

Од:

Албанија денеска и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година.

Од Братислава, премиерот и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, ова го оцени како историски чекор за неговата земја.

Додаде дека во прв ред голема е одговорноста да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ.

И покрај предизвикот, Рама изрази уверување дека ОБСЕ под водство на Албанија ќе биде успешна и ќе се заснова на дијалог, демократија и човекови права.

-За Албанија ова е исторски момент. Нашата визија за раководењето со ОБСЕ ќе се заснова на три столба: Првиот, основните прашања за човековите права, како што се кредибилитетот, безбедноста, територијалниот интегритет и мирот во Европа. Второ, заштита на демократијата,како и работата на ОБСЕ ќе бидат тесно поврзани со народот. Третиот столб ќе се заснова на дијалогот, бидејќи се уште има потреба од градење доверба меѓу земјите,рече Рама.

Посочил дека корупцијата го поткопува просперитетот на целиот регион, заедно со други закани.

-Ќе се бориме против корупцијата. Голема чест и одговорност е од прва рака да се предводи оваа меѓународна организација, како и огромна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ, додаде Рама.

Албанија од буџетот за 2020 година за претседавањето со ОБСЕ издвојува четири милиони долари.

Во Братислава на втората средба на министрите на надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), заедно со Рама, е и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Тој претходно на „Фејсбук“ напиша:

„Денеска во Братислава Албанија и официјално го презема претседавањето со ОБСЕ. По силното лобирање и капитално работење и подготовка од албанската дипломатија, една работа подржана и од важни европски чинители, како на политичко така и на програмско поле, Албанија денеска е подготвена да управува со едно силно и ефективно претседателство“, напиша Цакај.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија