Албанија ги отвора досиејата од Сигурими од комунистичката ера

Од:

Албанскиот Парламент усвои закон со кој им се овозможмува на жртвите на поранешниот комунистички режим пристап до досега доверливите досиеја на тајната полиција Сигурими, јави албанската агенција АТА.

Законот вчера бил усвоен со 84 гласа „за“ и 22 гласа „против“ и со него се предвидува поранешните припадници на Сигурими во иднина да бидат исклучени од јавните служби, но оние кои сега вршат јавна функција нема да бидат разрешени.

Албанскиот изолациски комунистички режим во 1990 година беше симнат, по студентските протести. За време на тој режим погубени се околу 7.000 политички противници, а околу 100.000 Албанци се упатени на принудна работа или во казнени логори.

АТА наведува дека новиот закон им овозможува на сите да се запознаат со информациите и документите од поранешната Државна безбедност, а целиот процес ќе го спроведува Управата за јавни информации – петчлено тело за кое е надлежен Парламентот.

Албанија ќе го користи германскиот модел, кој се докажал како успешен, а проектот предвид ги зема и одлуките на Уставниот суд за тоа прашање и е во целосна согласност со принципите на „Венецијанската комисија“.

Изборот на членовите на Управата ќе биде извршен еден месец по стапувањето во сила на овој закон.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек