Албанија формира нова единица за борба против тероризмот

Од:

Албанија ќе добие нова антитерористичка структура меѓу најголемите во Европа, која пред се ќе биде посветена на борбата против тероризмот и спречување на регрутирање на борци за Исламска држава.

По наредба на министерот за внатрешни работи Самир Тахири антитерористичката единица ќе биде усогласена со другите евроатлантски држави, а основниот принцип кој важи во европските земји – „пронајди, фиксирај, удри“ ќе биде принцип и на новата албанска единица.

Една од примарните задачи на новата структура е оневозможувањето на пристап на младите Албанци до ИД, спречување на регрутирањето и апсење на тие кои подготвуваат борци за ИД, како и спречување на терористички напади.

Покрај реорганизацијата на структурата на Дирекцијата за борба против тероризмот ќе биде унапреден и системот за сигурен пренос на информации при истрагата на криминални дела.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски