Албанија: Демократите бараат проверка на имотот на политичарите

Од:

Лидерот на албанската опозициска Демократската партија Љуљзим Баша на денешната средба со новинарите соопшти дека до Собранието доставиле закон за проверка на потеклото на имотот и можна поврзаност со криминални групи на политичарите.

Баша вели дека овој таканаречен процес на „ветинг“ е единствен начин албанската политика да се исчисти од криминалот, но оти тоа не е доволно туку дека заедно со ветингот треба да има и активност на народот.

Посочи дека опозицијата е за прочистување на правосудството и политиката од криминалот.

-Законот кој штотуку го доставивме до Собранието има за цел да обезбеди министерот за внатрешни работи, министерот за правда и премиерот да немаат поврзаност со криминалот. ДП и Албанците потрошија многу енергија во изминатите пет години во борбата против криминалците кои во политиката ги донесе Еди Рама. Ни требаше време и енергија за откривање на криминалците на Рама и нашите докази се потврдија. Со Албанија владеат банди и организирани криминални босови. Не е доволно политиката да мине низ процесот на проверка, туку потребна е и силна акција на народот за земјата да се спаси од криминалната власт, рече Баша.

На прашањето дали е подготвен да разговара со владеачкото мнозинство Баша одговори дека нивниот предлог – закон е идентичен со оној за правосудството и полицијата и оти тој треба само да се изгласа.

– За ваков закон еднаш веќе сме разговарале. Ова е закон идентичен со оној што веќе важи за правосудството и полицијата. Јазикот на законот е ист. Нема ништо за што би разговарале. Овој закон што го предлагаме ние или ќе се изгласа или ќе се отфрли. Ние ќе гласаме за, изјави Баша.

Демократскиот лидер вчера предложи ветинг и во редовите на политичарите, со цел, како што рече, да се стави крај на една политичка елита поврзана со криминалот, прашање за кое премиерот и лидер на владеачки социјалости Еди Рама начелно се согласи преку коментар на Твитер.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски