Албанија: 800 заразени и 18 починати од Ковид-19

Од:

По благото опаѓање на бројот на заразени на дневно ниво, во последното деноноќие во Албанија, според Министерството за здравство и социјална заштита забележани се повторни високи бројки.

-Во изминатите 24 часа од направените 2.264 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 801 лице, што е 35,3 отсто од тестираните. Во исто време регистрирана е висока бројка на починати или 18 сите во болнички услови, додека вирусот го победиле 490 лица, информираше министерството.

Моментно во четирите ковид болници хоспитализирани се 483 пациенти, од нив 35 се на интензивна терапија, додека 10 се интубирани.

-За седум месеци, од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи, до сега направени се 199.326 тестови, позитивни беа 41.302 лица, оздравеа 20.974, додека починаа 870 лица. Апелираме на строго почитување на мерките и препораките, со цел да го заштитиме сопствено и здравјето на нашите најблиски, -апелира министерството.

Инаку и понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се 349 од новопотврдените случаи. Во главниот град се и 10.503 од вкупно активните 19.458.

Поради тоа, како што претходно најави министерката Огерта Манастирлиу, в понеделник во Тирана ќе почне примената на брзите тестови. Рече дека набавени се 100.000 а набрзо ќе бидат обезбедени уште 300.000 брзи тестови.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици