Албанец со сопругата и бандата шверцувал 585 килограми кокаин

Од:

Полицијата во Солун запленила околу 585 килограми кокаин од Латинска Америка, означени со налепници со нацистичка свастика, а во таа акција биле уапсени седум лица, меѓу кои и еден Албанец и неговата сопруга.

50-годишниот албански државјанин се споменува како наводен водач на бандата во која биле неговата сопруга и две внуки, како и уште три лица, јавиja грчките медиуми. Групата била под полициски надзор, а била разбиена откако полицијата во Солун запрела 21-годишен маж и пронашла 239 пакувања кокаин со вкупна тежина од околу 280 килограми. Десетина минути подоцна, во друг дел од градот, уапсен е 33-годишен маж кој се обидел да ѝ побегне на полицијата.

При претрес на неговото возило биле пронајдени 238 пакувања кокаин, со вкупна тежина од 277 килограми. При претресот на куќата на наводниот водач на бандата, полицијата пронашла уште 23 пакувања кокаин со тежина од 26 килограми, 7.440 евра во кеш, седум мобилни телефони, четири банкарски картички и друга опрема. Полициските фотографии од заплената на дрогата покажуваат дека некои од пакетите биле означени со „свастика“. Минатиот мај, перуанските власти запленија пакети со кокаин означени со нацистичката свастика и со зборовите „Хитлер“ во пристаниште на северот на Перу, од каде што требаше да бидат испратени во Белгија.

Би можело да ве интересира

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Познат белгиски фудбалер е уапсен за шверц на кокаин од Јужна Америка

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

Поднесено е обвинение против бандата која криумчареше луксузни автомобили, за еден осомничен мерки на претпазливост

Горан Наумовски

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он