Алатка за вадење мозок останала во черепот на египетска мумија

Од:

Во египетската мумија изложена во загрепскикот арехолошки музеј, научниците пронајдоа алатка за вадење на мозокот, јави сајтот „Live Science“.

Древното стапче, долго осум-девет сантиметри, е откриено со скенирње на главата на мумијата на 40-годишна жена.

Инструментот се наоѓал меѓу левата паријетална и тилна коска, заглавена во смола, со која черепот бил исполнет во текот на процесот на мумификацијата.

Научниците со ендоскоп го излекоа инструментот од черепот.

Старите Египјани со тој инструмент направен од дрво или метал го ваделе мозокот низ нос.

– Некои делови на мозокот би се обмотале околу стапчето и така се вадени надвор, а остатокот на мозокот би станал течен, изјави Др. Мислав Чавка од клиничката болница Дубрава.

Потоа, свештениците балсамери би ја превртеле мумијата и мозокот ќе и истечел преку нос.

– Балсамерите по грешка го оставиле стапчето во черепот, рече Чавка.

Мумијата стара околу 2.400 години е секенирана во 2008 година, но научниците дури неодамна ги откриле деталите.

Ова е втора случка каде е пронајдена мумија со заборавен инструмент во нејзината внатрешност.

Жената мумија, во Хрватска стигнала во 19 век, без саркофаг и не е познат нејзиниот идентитет, ниту причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби