Акаши: Советот за безбедност е одговорен за Сребреница

Од:

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за поранешна Југославија Јасуши Акаши изјави дека најголемата одговорност за масакрот во Сребреница во јули 1995 година ја има Советот за безбедност на ОН.

Тој за загрепскиот весник „Вечерњи лист“ истакна дека СБ „бил дел од трагедијата“.

Акаши оцени дека најголемите пропусти на ОН се случиле во поранешна Југославија, Руанда и Сомалија.

Тој рече дека ниту 17 години подоцна не е сосема јасно зошто ОН не интервенирале на време во Сребреница.

– Не сакам да ги критикувам потезите на лидерите на ОН, но ние испраќавме три извештаи до Советот, во кои ги наведувавме пропустите на концептот на сигурни подрачја и баравме тоа да се измени. Советот меѓутоа никогаш не одговори на тоа. Грешката е колективна, исто како и одговорноста, рече Акаши.

Тој нагласи дека Советот морал да биде „пофер“, односно дека не се однесувал во согласност со реалноста на теренот.

– Со тоа дојде до голем пропуст во комуникациската линија меѓу Советот и нас, кои бевме на теренот. Ние на седиштето на ОН му јавивме дека не можеме да ја извршиме задачата со ограничувањата, кои ни беа дадени. Бевме беспомошни, заклучи Акаши.

На прашањето зошто меѓународната заедница не реагирала како во случајот на Косово во 1999 година, Акаши рече дека акцијата на Косово била легитимна, но незаконска.

– Постојат ситуации во кои реагираат ОН, а исто така и НАТО. За оваа акција не се дадени овластувања, иако таа требаше да се случи, изјави јапонскиот дипломат.

Акаши во врска со Хрватска изјави дека дал се од себе, но дека и покрај тоа не можел да говори за целосен успех поради самата природа на мандатот, кој му го довериле ОН во оваа земја.

– Нашите операции беа насочени на јужниот дел на Хратска, каде живееја многу Срби. Слободан Милошевиќ сакаше да ги поттикне тие Срби на спојување со Србија, додека Хрватите исторемено ја сакаа својата независност, додаде тој.

Јакаши истакна дека владејачките и бунтовничките сили во Хрватска никогаш не биле изедначени, како и дека водачот на тогашната Република Српска Краина барал да го третираат како претседател, што не било прифатено.

– Се обидував да го уверам дека тоа е мошне нереално, рече Акаши и додаде дека ОН сакале хрватската влада судирот да го заврши дипломатски, а не со воени акции, бидејќи во такви акции, како што рече, секогаш страдаат цивили.

– Сакавме да ги увериме сите страни дека судирот може да се реши по мирен пат. Но откако Србите во окупираните подрачја реагираа неразумно, „Бура“ беше сосема разумна реакција, нагласи Акаши.

Тој не можеше да одговори на прашањето дали акцијата „Бура“ била неибежна, но додаде дека било „очигледно дека Фрањо Туѓман е нестрплив“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина