Акар: Не доаѓа предвид да заминеме од Идлиб

Од:

Анкара не размислува за можноста за повлекување на своите воени сили од Идлиб каде се наоѓаат 12 набљудувачки позиции, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

-Нашето (воено) присусто во Идлиб, со сите наши елементи, продолжува. Повлекување на нашите сили не доаѓа предвид. Сите наши сили остануваат таму каде што се, рече Акар, пренесен од аганецијата Анадолија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган на 5 март во Москва разговараа за договор на прекин на огнот и серија други мерки за стабилизација на ситуацијата во Идлиб, пренесе Тасс.

Русија и Турција на 15 март ќе почнат заедничко патролирање по автопатот М4, по чија должина ќе биде поставен безбедносен коридор.

Москва и Анкара ја повторија својата посветеност за почитување на сирискиот суверенитет, и се согласија да ја продолжат војната против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул